Нова снимки од телефонски разговори меѓу Игор Јанушев и Миле Јанакиески е објавена на Јутјуб. Во снимките се слуша како тие разговараат за организирање на чартер летови.
„Ај бе јави се кај некој, четири чартер летови да обезбедиме“, му вели Јанакиески на Јанушев, а тој го прашува „за нашиве?“.
„Три од Италија, Тревезо и еден од Цирих“, појаснува Јанакиески, а Јанушев вели дека ќе „сврти некои броеви“.
Во втората снимка, Јанакиески и Јанушев разговараат за цената на летовите кои ги организираат. Јанушев кажува колку би чинело тоа, а Јанакиески се чуди на цената.
„Игор, вие резервирајте два авиони, ако треба вториот и празен нека биде“, вели Јанакиески, а Јанушев му кажува дека „Шефе, тоа се плус 150 илјади евра“, а Јанакиески се чуди на тоа.
Во третата снимка, двајцата разговараат за термините кога чартер летовите ќе ги носат и враќаат патниците.
„Уште една работа, што скроз ја заборавив кога ми ги дадоа овие цени. Овие цени се да ги донесат недела сабајле, а да ги вратат недела попладне“, се консултира Јанушев, а Јанакиески вели дека тоа е „ОК“.
Во последнот разговор тие спомнуваат некакви документи што треба да бидат уништени.