Во изборната единица 3 ќе покажеме дека политичари кои не калкулираат со својот рејтниг, не се водат од популизам, туку напротив, му служат на својот народ и прават се за својата татковина, ја заслужуваат и ја добиваат довербата на изборите, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.
– Како што им ветив и пред една година на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги победиме со разлика од 50.000 до 120.000 гласови разлика на ниво на цела држава. Нашата понуда и во изборната едница 3 и низ целата држава е понуда на чесни, одговорни личноста. Покажавме дека можеме повеќе, можеме подобро, покажавме дека правиот пат нема алтернатива, тие се трите работи кои ќе донесат победа во изборна единица три и во сите други изборни единици, посочи претседателот Заев.