24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дополнителниот заменик на министер Петровска во посета на полицискиот центар,,Ѓорче Петров,, и СВР Тетово

,, Чест ми е што во Министерството за внатрешни работи работат професионални и одговорни припадници како што сте вие. Она што денес го видов од припадниците на Единицата за брзо распоредување и Посебните единици на полицијата е само мал дел од она за што сте обучени и сте подготвени да го демонстирате. Во иднина усовршувајте ги вашите способности, посакувам да не треба никогаш да ги примените, а секогаш кога ќе ги примените да бидете победници. Инвестирањето во опрема и средства за работа е инвестирање во безбедноста и стабилноста на државата, затоа што вашите животи немаат цена. Грижата за условите во кои работите е обврска на политичарите, исто како што е ваша дожност да ги чувате државата и граѓаните и тоа одлично го исполнувате. Ви благодарам за вашиот професионален ангажман и целосна посветеност во битката со КОВИД 19, бидејќи уште еднаш покажавте неколебливост и бестрашност да се справите со секаков предизвик.

Како министерство се соочуваме со уште еден предизвик, а тоа е организирање и спроведување на фер и демократски избори. Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и про постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување,,. Ова меѓу другот го истакна дополнителниот заменик министер на МВР, Славјанка Петровска, на денешната средба со раководството на Одделот за специјални полициски операции при МВР во Полицискиот центар “Ѓорче Петров“, а на која што присуствуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Во рамки на работните активности Петровска денеска го посети и СВР Тетово и полициската станица за безбедност на патниот сообраќај каде што оствари работни средби со раководството и во фокус на разговорите беа ставени активностите и подготвеноста на полициските службеници во пресрет на претстојниот изборен процес.