24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Државата напредува кон Европа само кога СДСМ е на власт

„ВМРО ДПМНЕ го упропасти Секретаријатот за евроинтеграции, нивните министри, како Васко Наумовски и Ивица Боцевски ги викаа министри за дезинтеграции. И сега кога ВМРО ДПМНЕ зборува за решавање на проблеми со натпартиски интерес мора да знаат дека прво мора да ги прифатат Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, оти тоа е новата политичка реалност. Едно е сигурен факт, дека државата напредува во европските процеси кога СДСМ е на власт.“- заклучи Бојан Маричиќ во настапот на телевизија Алсат.

Според него европската приказна за ВМРО ДПМНЕ е апстракција, додека за СДСМ е конкретна и сериозна политика.

„Сега имаме 2.5 милијарди евра на располагање. Очекуваме дека ќе отвориме повеќе поглавја со Европската Унија, ќе отвориме нови гранични премини, сето тоа ќе доведе до сериозен напредок кон Европа. Кога не водеше Груевски дојдовме до бездната, а го споменувам затоа што тој и натаму му е шеф на Мицкоски.“- рече Маричиќ.

Тој дополни дека целиот свет не нарекуваше заробена држава затоа што владееше режимот на Груевски чиј наследник е Мицкоски.