Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Безобразното видео на ВМРО ДПМНЕ ги понижува лицата со телесен хендикеп

„Денеска, покрај сите лажни вести кои ги пласираат, покажаа дека се испаничени од пораз на изборите и го преставија срамното и безобразно видео во кое ВМРО ДПМНЕ ги понижува лицата со телесен инвалидитет, тоа знае ВМРО ДПМНЕ, да ги понижува граѓаните. Тоа е разликата, тие ги понижуваат, а ние сметаме дека сите се исти и им даваме шанса на сите.“- истакна Костадин Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ во Струмица, на промоција на изборната програма и кандидатите од четвртата изборна единица.

Тој пред граѓаните на отворено, со почитување на сите мерки и препораки за заштита на здравјето, дополни дека одлуката на овие избори е лесно да се донесе.

„Кога ме прашуваат дали би била тешка одлуката на граѓаните за овие избори, сосема лесно им одговарам дека нема да биде. Граѓаните знаат кој е вистинската опција и понуда, а кој нуди криминал и грабеж. Затоа на 15 јули граѓаните гордо и исправено ќе се одлучат за европска иднина, за интегрирана држава во ЕУ и НАТО.“- порача Костадинов од трибината на СДСМ во Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК