24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заврши вонредната седница на Владата – Донесени се важни одлуки

Од 70-тата седница на Владата: Кафетериите и рестораните, наместо до 22:00 часот, ќе работат според работно време утврдено во нивните лиценци; Од 0,15 на 0,04 проценти се намалува финансирањето на политичките партии; Националната годишна програма за јавно здравје со повисоки финансии во делот за вонредни и кризни состојби

Почитувани,

Во прилог Ви испраќаме соопштение од 70-тата седница на Владата на Република Северна Македонија.

Од 70-тата седница на Владата: Кафетериите и рестораните, наместо до 22:00 часот, ќе работат според работно време утврдено во нивните лиценци; Од 0,15 на 0,04 проценти се намалува финансирањето на политичките партии; Националната годишна програма за јавно здравје со повисоки финансии во делот за вонредни и кризни состојби

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 70-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено со овие протоколи. Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.

Владата денеска го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11.03.2020 година, а пред почнување на вонредната состојба на 17.03.2020 година со што истите, со приложување на лична писмена изјава до работодавачите покрај добиена потврда од матичен гинеколог, со што отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

На денешната седница е донесена Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со која, согласно Законот за финансирање на политичките партии, вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии се намалуваат и ќе изнесуваат 0,04 проценти наместо од 0,15 проценти од вкупните изворни приходи на Буџетот на Република Северна Македонија со цел спречување на дополнително оптоварување на Буџетот и како една од економските мерки кои се преземаат за справување со последиците од коронавирусот КОВИД-19.

На оваа седница е донесена Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година, со која се пропишува методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година.

Уредбата предвидува дека вкупните средства на приходите од данокот на додадена вредност наплатени во претходната фискална година за општините во Република Северна Македонија, општините во градот Скопје и Градот Скопје се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во Република Северна Македонија, на општините во градот Скопје и Градот Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во Република Северна Македонија во износ од 88 проценти, а за општините во градот Скопје и Градот Скопје во износ од 12 проценти.

Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит за време на вонредна состојба цел предвидување на дополнителна јулска испитна сесија за полагање на правосудниот испит чие спроведување е во надлежност на Министерството за правда на Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ја усвои Програмата за изменување на програмата за лекување на ретки болести, која оваа година ќе се финансира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот во висина од 522.000.000,00 денари.

На оваа седница е усвоена и Програмата за изменување на програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија, која оваа година е финансира со зголемени финансиски средства 15.000.000,00 денари, согласно ребалансот на Буџетот, со вкупна висина од 40.000.000,00 денари.

Денеска е усвоена и Програмата за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, со повисоки финансиски средства во делот за вонредни и кризни состојби во висина од 22.000.000,00 денари, за исплата на спроведени активности од страна на 10-те Центри за јавно здравје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија во период од почетокот на кризната состојба до 20.05.2020 година.

Програма за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, ќе се реализира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот за оваа година, во висина од 65.000.000,00 денари од кои 55.000.000,00 денари се од Основниот буџет и 10.000.000,00 денар се од сопствени средства на Министерството за здравство.

На денешната седница се усвоени и Програмата за измена на Програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Република Северна Македонија за 2020 година, Програмата за изменување на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош како и на членовите на нивните домаќинства, Програмата за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности, како и Програма за изменување на Програмата за превенција на кардиоваскуларни болести (КВБ).

Владата денеска ја усвои и Програмата за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени, како и за спроведување на обуки за вршење на преглед на умрени лица за 2020 година, која ќе се реализира во рамките на одобрените средства согласно донесениот ребаланс на Буџетот во висина од 45.000.000,00 денари, од кои 10.000.000,00 денари од Буџетот на Република Северна Македонија, а 35.000.000,00 денари од буџетот за самофинансирачки активности на Министерството за здравство.

Истата има за цел стручно усовршување, односно специјализација/супспецијализација на медицински кадар од јавните здравствени установи во Република Северна Македонија со долгорочна цел подигнување на квалитетот на укажувањето на здравствените услуги во државата.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за надградба на порталот „Отворени финансии“ со објавување на трансакции на Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и нивните буџетски институции. Во насока на понатамошно зголемување на фискалната транспарентност, Министерството за финансии го прошири опфатот на податоци на порталот „Отворени финансии“ и со трансакциите на единиците на локалната самоуправа и на нивните буџетски институции на истиот начин на кој се објавуваат и трансакциите на сите буџетски корисници на Буџетот на државата од централната власт, и на тој начин сите ќе бидат достапни за јавноста преку интернет врската open.finance.gov.mk.

Владата денеска ја разгледа и Информација за процесот на подготовка на Доброволен национален преглед и подготовка на Брза интегрирана проценка за имплементација на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Доброволниот национален преглед има за цел да го следи напредокот на спроведувањето на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој на ОН и индикаторите на локално, национално и меѓународно ниво, на начин што ќе биде прикажан и интегрираниот пристап на државата по однос на одржливоста.