8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со моќна порака вечерва: Народе мој, на 15 јули, можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат. Заедно носиме уште една голема победа за сигурна иднина!

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

На 15 јули победуваме затоа што ги решаваме проблемите наместо да се криеме од нив.

Победуваме затоа што зрело и одговорно им пристапуваме на сите предизвици, наместо да собираме ситен партиски профит како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Победуваме затоа што за само три години ја изведовме земјата на прав пат, наспроти оние кои 11 години ја држеа во заложништво без никаков напредок.

Победуваме затоа што се грижиме за сите граѓани, за ранливите и за секој поединец, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои се богатеа на грбот на работниците и сиромашните.

Победуваме и затоа што за првпат имаме коалиција која ги претставува сите граѓани без разлика на етничката припадност, коалиција на заедништво и соживот, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници кои сѐ уште не се ослободуваат од национал-популизмот и назадните идеи.

Народе мој, на 15 јули, можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат. Заедно носиме уште една голема победа за сигурна иднина!

Можеби ќе ве интересира

Времето значително се менува: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

ДЕСК

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување стари лица

ДЕСК