24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Митрески на ТВ 24: ВМРО ДПМНЕ блокира заем од Светска банка наменет за опремување на здравството

„Ние освен здравствената криза имаме и економска криза. Што напиша Мицкоски на ФБ за економијата? Напиша дека на компаниите им се неопходни пари и задолжувањето на Владата е единственото решение во моментот. А што прави заменичката министерка за финансии од ВМРО ДПМНЕ? Не потпишува заеми и кредити. Тоа од Светска банка е наменски заем и се знае сите пари како ќе се потрошат и тоа не е оправдување да не се потпише. Сите држави се тепаат да земат пари од Светска банка. А тие пари нам ни требаат за здравството, за опрема и медицински машини. Значи здравството го хендикепираме заради нечии интереси. Дел од парите се наменети за ранливите категории, дали не треба да ги помогнеме?“- праша Јован Митрески од СДСМ на гостувањето на телевизија 24.

Тој посочи дека ВМРО ДПМНЕ целосно е посветена на мисијата да не успее државата да се справи со економската криза.

Земаме еврообврзница, излегуваме на меѓународен пазар, ни требаат дополнителни средства за да ги завршиме работите кои ги започнавме, и зошто не потпишува ВМРО ДПМНЕ? Не потпишува за да се добие впечаток дека власта не е способна, а тие тоа да го искористат.“- дополни Митрески.

Тој објасни дека двата услова на Мицкоски за одржување на изборите биле задоцнети и на крајот морал да се согласи со избори. Прво ОБСЕ објавиле дека ќе бидат монитори на изборниот процес, а потоа, подоцна во денот Мицкоски побарал мисијата на ОБСЕ да биде присутна. И второ, Мицкоски бараше здравствени протоколи за денот на изборите, иако таквите протоколи веќе се изготвени и се прават конечни корекции, а здравствените власти постојано во последниот период зборуваат во јавноста дека изборите ќе се одржат според строги протоколи.