Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Полициско возило и автомобил со мигранти се судриле кај Романовце

Полициско возило и автомобил со мигранти се судриле на автопатот Скопје – Куманово. Возачот на автомобилот со мигрантите избегал, а во несреќата нема повредени.

Според информациите на МВР, вчера во 19:50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатната рампа Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, и автомобил „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознат возач.

По незгодата, возачот на возилото избегал, а во возилото биле пронајдени осум мигранти од Пакистан.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

C +
error: Соддржината е заштитена.