23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕК со пакет од 750 милијарди евра сака да им помогне на земјите најпогодени од пандемијата

Министрите за финансии на Европската Унија (ЕУ) разговараа за блок-план во вредност од 750 милијарди евра за закрепнување по пандемијата на коронавирусот во пресрет на преговорите за деталите за прибирање финансиски средства и законитоста на нивното кредитирање.

Со овој план Европската комисија (ЕК) сака да им помогне на економски послабите земји погодени од пандемијата да закрепнат со темпо што е на ниво на посилните земји, со цел да се зачува единствениот пазар на ЕУ од 450 милиони луѓе.

„Целта на состанокот е да се добие првата размена на мислења. Прерано е за какви било големи борби“, изјави официјален претставник на ЕУ.

Друг додаде дека ова е прв круг и дека нема преговори, но дека е добро да се почувствува атмосферата.

„Нема да има потег. Прерано е“, рече официјалниот претставник.

Стимулациониот план има поддршка од Франција и Германија и се планира да се спроведе во наредните четири години. Предвидено е Комисијата да се задолжи на пазарот и покрај прописите за заштита на буџетот на Унијата и потоа да им ги распредели тие пари на земјите на кои им е потребен наместо да им ги позајми.