17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеше за споменици додека патишта, болници, градинки и училишта се распаѓаа

Фејсбук пост на претседателот на Владата, Оливер Спасовски:

Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.

Ние имаме спротивен пристап.

-Инвестирани 1 милијарда евра во патна инфраструктура.
-Завршена 80% од примарна и секундарна гасификација.
-Градиме 260км автопати, 300км експресни патишта, 900км локални патишта.
-Рехабилитиравме повеќе од 1500км постоечки патни правци

Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи и 43 полициски објекти
– Изградивме 3 пречистителни станици.
Изградивме повеќе од 320 социјални станови, стои во постот на Фејсбук на Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +