24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Чулев не го спроведе полицискиот час и не го штитеше јавното здравје

Викенд полицискиот час го потврди неодговорното и ноншалантно однесување на министерот Наќе Чулев. МВР не беше на ниво на задачата да ги спроведе карантинските мерки во неколку градови кои три дена без целосно затворени. Голем број медиуми известуваа, а предничеше Скопје, како граѓаните слободно се шетаат, пазаруваат, се групираат и сето тоа пред очите на полициските патроли кои се однесувале како да нема полициски час.

Суштината на мерката со полициски час три дена да се затворат Скопје, Тетово, Куманово, Штип…но и останатите градови низ државата со попладневно – ноќна забрана, беше граѓаните да имаат што помалку контакти, да останат дома и целото население да придонесе во заштитата од ширење на корона вирусот. Очекувано е дека секој што нема да го почитува полицискиот час ќе биде казнет. Но, очигледно тоа овој викенд не беше така. Чулев уште еднаш свесно потфрли и си го потврди тоа што од претходно го имаше изјавено дека тој нема да казнува граѓани. Така, Чулев и МВР како намерно да дозволија вирусот да се шири. Како поинаку да се сфати непреземањето активности на терен?

Полицијата наместо да воведе ред и да врши контроли, а при тоа и да изрекува санкции за оние кои ќе ги затекне надвор, а немаат дозвола за движење во полициски час, таа беше слеп набљудувач на свесното кршење на мерката од страна на стотици граѓани. А ако полицискиот час беше воведен да ја спречи заразата, тогаш неспроведувањето на полицискиот час е спротивното- ширење на заразата.

Непостапувањето на Чулев кон несовесните граѓани и нештитењето на јавното здравје се надворзува на неодговорното однесување на партискиот лидер Мицкоски исто така не води грижа за здравјето на граѓаните. Поминаа само неколку дена од инцидентот што настана во кафана во Дебар маало кога Мицкоски заедно со советникот на Чулев, Љупчо Андоновски седеле во затворениот дел кој што е забранет за гости, согласно владините протоколи за заштита на здравјето. Исто како што за Мицкоски не важеше забраната и посетуваше теретана. Едноставно, сите постапки на ВМРО ДПМНЕ се во правец корона вирусот и понатаму да се шири, затоа што не постои никакво оправдување за однесувањето на Чулев, Мицкоски, Андоновски..

Токму Мицкоски и Андоновски се правдаа дека не ги знаеле мерките па затоа седнале во затворениот дел на кафаната, што нема логика да е точно затоа што Андоновски како советник на Чулев морал да ги знае оти неговиот министер учевствува во телата кои се задолжени да ги носат мерките.

Викенд полицискиот час потврди дека во ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ги почитуваат и спроведуваат владините мерки за заштита, а не дека не ги знаат. Чулев и припадниците на МВР знаеја дека е воведен полициски час, ама ништо не преземаа за тој да се спроведе за да има ефект она што како мерка го предложиле здравствените работници.