8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мерцедесот со кој се возеле владини функционери всушност бил запленет и државата ја чинел 0 евра

Мерцедесот во кој денес владини функционери пристигнаа на лидерската средба во кабинетот на претседателот во „Вила Водно“, а за кој пишуваа порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ е запленет во кривично дело со правосилна пресуда, односно одземен од сторителите, велат за Локално од Владата.

Возилото е префрлено во сопственост на Агенцијата за одземен имот, а со одлука на Влада доделено на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Тоа сега е дел од возниот парк на државните институции.

„Ниту денар не е потрошен од буџетот за ова возило. Возилото е запленето во кривично дело и граѓаните не ги чини ни денар, за разлика од 600.000 евра колку што Груевски потроши за блиндираниот Мерцедес“, додаваат оттаму.

Според наводите на опозициските портали, Владата наводно неодамна се подновила со најновиот модел на Мерцедес, и тоа луксузна верзија, кој чинел околу 250 000 евра. Овој модел на Мерцедес, според нив, во САД чини околу 200.550 долари и тоа во основната верзија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.