Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Примерот на Мицкоски не е точен, Словачка има и парламент, и влада, и одржани избори

Словачка, која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја посочи како пример за држава која слично како и Македонија нема функционални институции во актуелната криза, а ги одложила изборите, сепак, има и парламент, и влада, и одржани избори.

Во изјавата по денешната лидерска средба, Мицкоски рече дека во повеќе од педесет држави во светот се одложени избори на некое ниво. На новинарско прашање – дали може да каже еден пример од овие земји во кои нема активен парламент и државата ја води техничка влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори:

„Еве, Словачка, треба ли уште некој пример?!“

Но, фактите за Словачка го зборуваат сосема спротивното, а тоа е дека оваа земја членка на ЕУ и на НАТО одржа парламентарни избори на 29 февруари оваа година, дека има функционален парламент – Народната рада, која во актуелната ситуација секојдневно одржува сесии и дека земјата од 21 март има центристичко-десничарска влада, предводена од премиерот Игор Матович.

извор: 360степени

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК