25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Наќе Чулев “заработи” кривична пријава

„СДСМ ќе поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, затоа што не ги исполни очекувањата како министер. МВР однапред знаело дека се подготвува овој настан, беа претходница на случувањата, а тоа не смееше да се случи бидејќи има забрана за групирање. Се работи за принцип, санкциите се применуваат за да не се повторат прекршувањата“, рече претседателот Заев во вечерашното гостување на емисијата Топ Тема.

Тој потсети дека СДСМ и премиерот Оливер Спасовски побарале оставка од Чулев, бидејќи тој бил единствено надлежен да ги санкционира случувањата со литијата во Струга.

„Државата не ги затвори верските објекти, туку воведе рестриктивни мерки да не смеат граѓаните да се групираат. Мерките мора да ги почитуваат сите, бидејќи никој не е над законот, законите важат за сите подеднакво“, додаде Заев.