СДСМ има силна поддршка од граѓаните поради тоа што изминатиот период водевме успешни политики, ефикасно се справивме со корона кризата и создадовме услови нашата економија да биде најмалку погодена од кризата, нагласи претседателот на СДСМ Зоран заев, во вечерашното гостување на Топ Тема, на ТВ Телма.
Тој потенцираше дека ефикасните политики на СДСМ овозможиле кризата да ја дочекаме со силна економија, со 3,6 проценти раст , што овозможило да се обезбедаат пари за да се димензионираат соодветни економски мерки.
„Со вистинското димензионирање на мерките по препорака на Здравствената комисија, Кризниот штаб и Владата, создадовме услови да се превенира ширењето на заразата, а притоа економијата да дише. И тоа ги дава резултатите. Во април од ДДВ, што е импликација за економската активност на државата, сме наплатиле 97 посто од тоа што сме наплатиле април минатата година. Падната е наплатата на ДДВ на 60 проценти од увозот, но самиот увоз не влијае директно на економските параметри. Тврдам дека ќе бидеме економија со најниска погоденост од кризата, благодарение на менаџментот, секако и од контурите на нашата економија“, нагласи Заев.
Тој е уверен дека со вакви мерки и со вакви успешни политики , СДСМ во септември ќе води и со осум проценти пред ВМРО-ДПМНЕ.