23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доживотна казна затвор за тројното убиство во Дебар- си ги убила родителите и малолетната сестра

Гостиварскиот суд пресуди доживотна казна затвор за Блерта Поцеста обвинета за убиството на сопствените татко, мајка и малолетна сестра. Тројното убиство е извршено во август 2018-та година во Дебар, а Поцеста веднаш избегала во Италија.

Има и пресуди за еден од нејзините помагачи кој ја возел со автомобил, додека за третобвинетиот, судот одлучил да го гони за друго дело, за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Третообвинетиот всушност според обвинителството и ги дал пиштолот и 5-те куршуми на Поцеста која таа ги употребила за да го ликвидира сопственото семејство. Обвинителството најави дека ќе ги обжали одлуките за двајцата обвинети кои и помагале на доживотно осудената дебарчанка.

-Доживотната казна затвор за сторителката на кривичното дело убиство следи по сеопфатна истражна постапка во која обвинителството обезбеди докази, а со кои во тек на судењето докажа дека првообвинетата, сега осудена, на 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија, соопштија од обвинителството.