23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Интересот за економските мерки е огромен, наскоро ќе биде објавен трет сет економски мерки наменет за заживување на економијата

Државата постои за граѓаните, да им помогне полесно да ги пребродат последиците од оваа криза и затоа подготвуваме трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“.

„Заклучно со вчера, иако беше викенд, имаше 3.747 компании кои аплицираа за економските мерки, тоа е огромна бројка за време на викенд и ја користам приликата да апелирам до фирмите да продолжат да аплицираат, бидејќи тоа се нивни пари, за да можат да ги сочуваат работните места, да дадат плата за месец април, донесовме дополнителна флексибилност на мерките само за да се зачуваат работните места

Во оваа криза се бориме за сочувување на работните места, нагласи Заев, додавајќи дека бројот на лицата, кои останале без работа во текот на кризата е под 7.000.

Тој ги повика граѓаните што останале без работа да се обратат во Агенцијата за вработување, да поднесат барање за предвидената помош и да земат 50% од платата.

Мерките што ги презедовме во овие две и пол години, додаде Заев, обезбедија сега спремни да ја дочекаме кризата.

Ние и пред кризата спроведувавме низа мерки да ги извлечеме од сиромаштија најсиромашните, ја зголемивме социјалната помош за 300%, донесовме досега најголемо покачување на пензиите од над 700 денари за сите пензионери, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.