Утрово околу 9 часот и 40 минути на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај село Страцин, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се судриле две фиат пунта, едното управувано од маж, другото од жена, дознава Centar.mk.
Според сознанија на Centar.mk во несреќата починал мажот кој бил на возраст од 55 години кој го управувал пунтото со кумановски таблички, додека сопатникот и жената од другото пунто со повреди се пренесени во клиниките во Скопје.
Во моментов сообраќајот е пренасочен по стариот пат Куманово – Крива Паланка.