Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Насилниците од Штип казнети со по 2,5 години затвор

Двајцата насилници кои објавија видео во Штип како тепаат 21 годишна девојка во влез на станбена зграда денеска се првостепено осудени на две и пол годишна казна затвор.

Пред два дена тие ја признаа вината по што веднаш беше закажано рочиште за објавување на пресудата

Настанот се случи во месец јануари, но видео снимката беше објавена на социјалните мрежи на 2 април, по што полицијата веднаш ги лоцираше момчињата, а судот во два наврати на барање на обвинителот им определи мерка притвор.

Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години беа обвинети за насилство и се притворени во затворот во Куманово.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК