Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците.
ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација.
Држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му смета солидарноста. Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност.
Македонската и струмичката солидарност е голема и ништо нема да ја спречи, најмалку неспособната, режимска ВМРО-ДПМНЕ, вели Зоран Заев, лидер на СДСМ чие семејство неуморно со недели хуманитарно им помогна на илјадници граѓани кои се од социјално загрозена категорија.