На оваа денешната седница Владата донесе Уредба со која се определува дека финансиската поддршка за спас на работни места ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 со исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот-барател за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник.
Денеска Владата ја усвои Информацијата за реалоцирање на средства од Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, во износ од 50 милиони евра, во насока на кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година.
На предлог на Развојна банка на Северна Македонија, Владата денеска ја разгледа и усвои третата информација до Владата на Северна Македонија за обработени компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. На вкупно 377 компании со 2.735 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 2.533.892 евра.
Во трите групи заедно, се одобрени вкупно 631 кредитни апликации во вкупен износ од 4,7 милиони евра, за компании со 5,588 вработени.