Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Министерот Димковски: Обезбедени се дополнителни три денари по килограм продадена зелка за покривање на загубите на земјоделците

Со дополнителни три денари по килограм продадена зелка кај регистрирани откупувачи, Владата ќе ги субвенционира земјоделците, за да се покријат загубите поради настаната дестабилизација на пазарот со зелка, информираше министерот за земјоделство Трајан Димковски на вечерашната дебата во ТОП ТЕМА на телевизија Телма.

„Денеска, Владата донесе одлука за интервентна мерка, односно со дополнителни три денари да бидат досубвенционирани земјоделците за продаден килограм зелка кај регистрирани откупувачи.Оваа мерка е интервентна, покрај основната мерка според која земјоделците по хектар добиваат субвенција од по 30 илјади денари “, порача министерот Димковски.

Тој информираше дека во моментов извозот на зелка, според количината, е многу поголем од минатата година. До 26 април имаме извезено околу 44 милиони килограми зелка, што е за седум илјади тони повеќе од лани.

Министрот Димковски посочи дека континуирано се следи откупот на зелка, и досега се одржаа повеќе состаоци со откупувачите на зелка, со цел да им се укаже дека треба да нудат сите иста цена и да се натпреваруваат во услуга, пакување.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +