Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Славјанка Петровска со жестока порака до Мицкоски и Чулев: МВР нема утврдено од кога е снимката со Мицковски, нема да дозволиме МВР да го претворат во МВРО

Во врска со објавената снимка од Мицковски и полициски службеници во теретана, во интерес на вистината информирам дека МВР сеуште не утврди од кога потекнува снимката и затоа никој, па ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена, вели Славјанка Петровска, дополнителен министер за внатрешни работи.

– Случајот со Мицковски и теретаната нема да се затвори затоа што некој има наредба по секоја цена да ги заштити Мицковски и Бисовски. Бидејќи МВР сеуште нема утврдено на кој датум е направена снимката, истрагата за потенцијално неодговорното и несовесно однесување на лица кои во време на пандемија ги кршат мерките сеуште не е завршена. Кривично дело е и прикривање на кривично дело. Обидите МВР да се претвори во МВРО-ВМРО ќе бидат неуспешни. Одговорност мора да има за секој кој неодговорно се однесува, без оглед на неговата позиција во општеството, изјави Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.