14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Владата одлучи: Во еден дуќан ќе може да пазарува само 1 лице за секои 20 квадратни метри

На оваа седница Владата донесе Уредба за примена на законот за трговија за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба, во листата трговски објекти се додава зборот “дуќани” и се утврдува дека во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Со Уредбата се определува дека трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот, а вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат постојано во текот на работното време.

Можеби ќе ве интересира

Tessa Energy – новото поглавје во енергетиката

ДЕСК

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

C +

A1 Net Protect постигна извонреден успех, спречени повеќе од 12 милиони сајбер закани само во септември

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.