12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дождливо и ветровито со температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, на места (над 25 л/м2). Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 12 степени.

В среда и в четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. В петок и за време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Од септември учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец ќе спортуваат во нова и модерна сала, за три години ќе се изградат уште 28 спортски сали

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, почитувањето на законот и процедурите важи подеднакво за сите

ДЕСК

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ДЕСК