25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Владата со важни насоки до банките

Владата заклучи да се измени заклучокот под реден број 1 од точка 1 од Извадокот од Нацрт – записникот од Триесет и деветтата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 16 април и истиот да гласи:

– Се задолжува Министерство за финансии, а се препорачува на Народна банка на Република Северна Македонија, во заедничка соработка да ја разгледаат можноста за изнаоѓање начини и подготовка на предлог – уредба со законска сила, во насока на задолжување на деловните банки во рок од еден месец да воведат нови финтек апликации со кои значително ќе се намали интеракцијата и бирократските процедури за граѓаните, како и за микро, мали и средни компании.

– Се задолжува Министерството за финансии, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација да предвиди конкретни предлог – мерки со кои банките ќе можат да го стимулираат менувањето на навиките на граѓаните, ќе се софистицираат процесите и ќе се преиспита начинот на издавање на документацијата и на самата документација при барањата за кредитирање и исплати (поевтини токени, дигитални идентификација и сл.).

Владата го задолжи Министерството за финансии, а се препорачува на Народната банка на Република Северна Македонија во заедничка соработка да го уредат прашањето за деловните банки задолжително да ги поврзат пос терминалите во економските оператори со фискалните каси.