22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Предности на кората од портокал: Нејзиниот прав го зајакнува имунитетот!

Кога ќе излупите портокал, прво ја фрлате кората во ѓубре. Овој чекор отсега треба да го прескокнувате, бидејќи токму овој дел од портокалот содржи најмногу витамин Ц, дури два пати повеќе од самиот плод.

Кората од портокалите покрај големата количина витамин Ц содржи исалвестрол Q40 и лимонел – состојки кои помагаат организмот да се избори се некои болести.

Земете неколку портокали, излупете ги и изедете ги. После тоа не ја фрлајте кората, туку ставете ја во плех и исушете.

Кога целосно ќе се исушат, сомелете ги и добиената смеса во вид на прав ставете ја во чиста тегла која добро ќе ја држите затворена.

Секојдневно земајте по една лажица овој прав така што ќе го консумирате со смути, мусли, чаша вода или јогурт. Покрај тоа од овој прав можете и да додавате вкус на портокал на вашите омилени десерти. После само неколку дена, ќе забележите голема промена во вашиот организам: ќе се чувствувате подобро, поенергично, а вирусите и гриповите ќе ве заобиколуваат.