Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев откри дека градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, усогласен со МВР вчера преземал активности да се смири состојбата и да не настане поголем проблем.
-Градоначалникот, согласно нашата проценка, тој истовремено е претседател на оптшинскиот кризен штаб и членува во советот за превенција, во кој што има и припадници на МВР, така што тој од таа позиција направи активности усогласени со МВР, за да ја смири толпата, рече Чулев на денешната прес конференција.
Со ова се побија лажните вести синоќа објавени на неколку опозициски медиуми дека градоначалникот на Гази Баба на своја рака интервенирал во целата ситуација.
.