25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Не е исклучена можноста коронавирусот да бил присутен уште во декември – Кај пронајдената почината жена забележан коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека кај една од двете жртви кои беа пронајдени во Велес во дишните патишта бил пронајден коронавирус.

Да потсетиме дека неодамна беа пронајдени безживотни тела на мајка и син во куќа во Велес. Последниот пат кога биле видени од комшиите бил во декември минатата година, информираат медиуми.

Со ова се отвора можноста коронавирусот да бил присутен во државава уште од декември лани.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти и дека оваа година имало регистрирано рекордна бројка на заразени од грип.

Со оглед дека на почетокот на годинава не се вршеа тестови за коронавирус, се остава простор некои од оние кои имале грип можеби да имале и коронавирус.