8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРАИЗБОР

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Насловот на овој нов краткометражен филм на режисерот Били Дурмишовски потекнува од стара англиска изрека  “The elephant in the room” која се користела кога владеел конфликт или тежина во одредена просторија. Целиот филм е на англиско говорно подрачје, но македонска продукција. За прв пат на наше поднебје се опотребуваат Ирски и старо англиски акценти во областа на филмот, токму затоа ова парче од нашата филмска индустрија претставува едно од покарактеристичните дела на македонските автори и режисери. Тематиката на филмот претставува внатрешен конфликт на главниот лик кој се соочува со своето алтер его на еден многу необичен начин. Самиот филм е претставен во форма на монодрама во кој познатиот музичар Давид Мука Димовски кој неодамна започна кариера во улогата на актер, ги глуми двата карактера во филмот.

Овој нов филм е претставен со многу специфична кинематографска изведба на асиметрични кадри кои дозволуваат истиот да достигне сосема друга димензија и емоционален поттик кај гледачите. Предизвикот што доаѓа со самата кинематографска изведба на овој краткометражен филм беше вешто совладан од искусниот директор на фотографија Бењамин Хоџа.

Филмот е во целосна продукција на Artistic Production, во сопственост на самиот режисер на филмот, Били.

Режисерот Били Дурмишовски својата кариера во филмската индустрија ја започнува пред 10 години како асистент на секторот за филмска камера на Елвис Дурмишовски и Фахрудин Смаилагич. Со тек на време Били се пронаоѓа во функцијата директор на фотографија и пилот на дронови, кои и денеска ги работи на професионално ниво низ Европа. Во последните 3 години тој започнува со изучување на човечката психологија и се стреми кон режијата. За овој период во позиција на режисер, тој има изработено неколку краткометражни филмови како и музички видеа со светски стандарди, а при крај се и подготовките за неговиот прв долгометражен филм “ The Speed of you” кој ќе се снима ова лето.

.