Телевизија 21ТВ објави дека двајца скопјани починале денеска, едниот на кејот на Вардар, другиот на пазарот во Чаир.
Станува збор за едно лице на кејот на реката Вардар утрово во 9:50 часот, човек кој трчал се струполил и паднал. Констатирана е смрт од страна на лекар, додека надлежните отвориле и истрага за случајот..
На пазарот во Чаир претпладнево постар човек починал. Телото е предадено на семејството.
МВР потврди дека во затворот „Скопје“, рано утринава во 4:10 е пронајден мртов 47-годишен притвореник од Ресен. Телото било предадено на обдукција.
Засега ниту еден не се поврзува со заболување на Ковид-19.