Фејсбук статус на Зоран Заев, претседател на СДСМ:
Република Северна Македонија 27 години членка на ООН.
На денешен ден се навршуваат 27 години од нашето членство во Организацијата на Обедитените Нации, најголемата и најзначајна светска организација.
Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет.
Ако членството во ООН во далечната 1993 година беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес членството во НАТО и преговорите со ЕУ е остварување на нашиот стремеж Република Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.
Денес, Република Северна Македонија е признаена и препознаена како слободна, демократска земја – држава пријател на регионот и светот.