Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Наместо во самоизолација отишол на бербер – ќе плати 5.000 евра казна

Триесет и две годишен штипјанец се соочува со максимална парична казна од 5.000 евра бидејќи еден ден пред да му истече периодот за задолжителна самоизолација отишол на бербер.

-Тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19. Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност- соопштија од штипското обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата удри на повеќе локации низ Скопје – има приведени и малолетници

ДЕСК

Томовски ја демантира СДСМ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.