Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево Пендаровски свика вонредна седница на Советот за безбедност

Утре, 31 март 2020 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

Времето повторно изненадува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.