Романот „Барутни облаци“ од македонскиот автор Бранислав Ѓорѓевски е преведен и издаден на германски јазик.
Под насловот „Pulvershcwaden“ романот „Барутни облаци“ е издаден од страна на издавачот Бернд Е. Шолц и истиот е поставен на најголемата онлајн платформа за продажба на книги Амазон.
„Барутни облаци“ е втората книга на Ѓорѓевски која е издадена на германски јазик. Претходно, во 2016 година, од истата издавачка куќа беше објавена неговата збирка раскази „Северно од Сонцето“.
Покрај романот „Барутни облаци“ Ѓорѓевски до сега има напишано и две збирки раскази „Сите тие краеви“ (2012) и „Северно од Сонцето“ (2015)