Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 17 степени.
Од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат в среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег и на некои пониски места.