25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за утрински брифинг: Не беше лесно, но заеднички успеавме, станавме 30 земја членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ

„Ако беше лесно сите овие 29 години, се ќе беше решено. Не беше лесно, беше горчлив проблем, кој мораше да го решиме, со решавањето на проблемот со Грција го сочувавме македонскиот идентитет, македонскиот јазик, сега сме признаени од сите. Не беше лесно, пратениците што гласаа беа изложени на силен притисок и затоа денеска треба да се радуваме на плодовите од тоа семе што го посадивме. Двете најголеми стратешки цели на државата, НАТО и ЕУ ги исполни овој парламентарен состав, оваа Влада и верувам дека тоа го заслуживме“, изјави претседателот на СДСМ на денешното гостување на Утрински брифинг.

Тој порача дека Европа конечно ја исправи својата историска грешка и ја исправи големата неправда кон нас.

„Сега, едногласно, во време на тешка здравствена криза, канцеларии под изолации, премиери во изолации во такви околности министерскиот совет се собра ја донесе одлуката јас верувам дека ќе биде верификувана и од Европскиот совет и дека наскоро ќе се одржи првата меѓувладина седница“, порача Заев.