-Денес го живееме времето кога сите ние сме еднакви пред предизвикот заеднички да се бориме со опасниот вирус од кој е погоден речиси целиот свет и воедно е време кога треба да се покаже вистинска колективна одговорност, заедничка акција и солидарност. Затоа што само така, сите заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот, соопшти СДСМ.
„Со цел да им се помогнеме на институциите, на јавното здравство, секој преку свој пример и преку лична одговорност Владата и надлежните министерства постојано апелираат да се остане дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце.
Граѓаните да ги слушаат препораките и да останат дома, затоа што така си помагаме и себе си и на другите.
Ситуацијата во светот е многу тешка, тажна и страшна. Заразата не бира кого ќе го нападне. Таа ги напаѓа сите луѓе.
Во Италија има огромен број на жртви, а многу тешко е и во Шпанија.
Потребно е и младите да ја разберат сериозноста на ситуацијата и да ги прекинат собирите,затоа што вирусот може да биде многу опасен за најблиските, за родителите, бабите, дедовците, за луѓето кои многу потешко би се избориле со болеста.
Благодарение на медиумите со своето одговорно и професионално однесување денес имаме информирана јавност.
Сега е време на одговорност, заемна почит ипомош во справување со коронавирусот. Затоа што секој живот е важен и секој човек е важен!
Ова се тешки времиња, но затоа тука е државата преку пакет економски мерки да им помогне на компаниите,на граѓаните.
Нашата татковина е во кондиција да обезбеди најголема помош по глава на жител споредено со земјите од соседството.
Само сите заедно, сплотени ќе го победиме невидливиот непријател и заедно ќе се справиме со сите економски последици.“ – се вели во соопштението.