Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Експретседателот на Реал, Санз заврши во болница со корона вирус

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санз се наоѓа во болница со сериозни симптоми од корона вирусот, јавуваат „Марка“.

76-годишниот поранешен газда на клубот Малага имал треска и висока температура кога бил примен во болницата бидејќи е дел од ризичната група на постари луѓе.

Санз беше претседател на Реал од 1995 до 2000 година, освојувајќи ја титулата од Лигата на шампионите двапати во последните три години од владеењето – во 1998 (против Јувентус) и во 2000 (против Валенсија).

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Мичел Салгадо е женет со ќерката на Санз, Малула, и тие заеднички беа сопственици на Малага пред да го продадат клубот на катарски инвеститори во 2010 година.

Можеби ќе ве интересира

ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула!

ДЕСК

Алкалоид го задржа ростерот на играчи, а со тоа и високите амбиции за Европскиот клупски куп во шах!

ДЕСК

„Шумахер неодамна потпиша кацига, тоа е позитивно, речиси знак на живот“

C +