7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски се консултира со експерти за одложување на изборите

Вечерва во кабинетот на претседателот се одржa средба на експерти по право и уставно право по барање на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба претходно во текот на денов, а со цел да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

„На почетокот на состанокот претседателот Пендаровски ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот ангажман. Универзитетските професори, проф. д-р Светомир Шкариќ, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, проф. д-р Рената Дескоска, проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Јетон Шасивари, доц. д-р Александар Љ. Спасов и доц. д-р Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април.

На средбата се дискутираше за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Северна Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови.На средбата беа присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Владата, Оливер Спасовски“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: