23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Не ги зголемуваме цените, разумно пазарете: КАМ маркет им оддржа лекција на сите за тоа што е општествено одговорна компанија

КАМ маркетите ги повикаа купувачите да не трупаат залихи и да пазаруваат колку за една недела бидејќи како што велат, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19.

„Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас“, стои во соопштението на маркетот на Фејсбук.

Ако процесот на снабдување не можат краткорочно да го обезбедат оттаму велат дека ќе бидат приморани краткорочно да ги затворат маркетите со цел да ги надополнат со стока.