Денеска ќе се задржи сончево и значително топло време.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.
За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.
Прогноза за 14.03.2020
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 13°С до 20°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Прогноза за 15.03.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Облачно и свежо со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен североисточен ветер.
Прогноза за 16.03.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Претпладне променливо облачно, а во текот на денот ќе настапи разведрување. Ќе дува слаб до умерен источен ветер.