„Лицата за коишто сметаме дека нема да се придржуваат мерките на самоизолација веќе се под полициска присмотра , за да бидеме сигурни дека ќе се придржуваат кон мерките“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер во Владата, во вечерашната дебата на ТВ 24.
Тој оцени дека главна мерка е информираноста на граѓаните, транспарентноста на процесот и одговорноста што како граѓани мораме да ја имаме.
„Во понатамошниот период ќе следиме и сите оние луѓе кои сметаме дека се ризични и кои не се придржуваат кон овие мерки, МВР ќе преземае соодветни активности за да се придржуваат. Треба да се имаат предвид и одредбте од Кривичниот законик, кои се прилично строги. Станува збор за кривично дело – доведување во опасност на здравјето на граѓаните, коишто предвидуваат и затворски казни“, нагласи Манчевски.