Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ги демантира лагите објавени на некои портали, во врска со наводни карантини на функционери на СДСМ.
„Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.
Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.
Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.
Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот.“ – пишува Николовски на Фејсбук.