23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Не се бранат криминалните шеми на Мицкоски во АД ЕСМ, неговото расипништво уште еднаш ќе биде поразено на 12 април

-Не се бранат криминалните шеми на Мицкоски во АД ЕСМ, неговото расипништво уште еднаш ќе биде поразено на 12 април, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го одбранат расипничкото директорување на Христијан Мицкоски, најнеспособниот директор на АД ЕСМ.

Не се брани криминалот на Мицкоски, кој ги следел шемите на неговиот ментор Никола Груевски и купувал купувал увозна струја по астрономски високи цени.

Затоа Мицкоски бега од одговори и се крие зад празни прес-конференциии на негови сопартијци.

Расипничкото однесување на Мицкоски се потврдува со факти. Официјални податоци покажуваат дека тој во јануари 2017 година увезувал струја по цена и до 240 евра за мегаватчас, а само во период од неколку денови, од 8 до 23 јануари 2017 година тој како директор купил скапа увозна струја во вредност од 360 милиони денари или 5.600.000 евра.

Од ден на ден на површина излегуваат факти и податоци за недомаќинско и расипничко работење на Христијан Мицкоски.

Јавноста е запознаена со случајот на вртоглаво високите платени договори за услуги на неговиот соработник Панче Тошковски кој за два договори наплатил 170.000 евра, само заради тоа што е негов близок соработник и е дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста гледа како Мицкоски се однесувал со парите на граѓаните. Идентично како неговиот шеф Груевски.

Извршителот Мицкоски по теркот на неговиот шеф Груевски терал расипнички шеми од коишто буквално ги осиромашувал граѓаните, а се богателе негови партиски пријатели.

Затоа ова расипништво ќе биде поразено, ќе има одговорност и пред судот на правдата, но најголема одговорност ќе има на 12 април кога ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски ќе убедливо поразени од граѓаните на Република Северна Македонија.“ – се вели во реакцијата.