Centar.mk
ЛОКАЛНО

За една недела „пајакот“ во Скопје отстранил 194 возила

Во текот на изминатата недела (28.02 – 05.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 194 возила од јавните површини, информираат од Град Скопје.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 165 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 311 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Шалтерите на скопски „Водовод“ нема да работат за време на празникот

C +

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.