11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Имаме да направиме уште многу за да ја надминеме нееднаквоста

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на отворањето на 11. издание на настанот „Вечери на женски права“ кое годинава се одржува од 6 до 12 март во знакот на годинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8. март: „Јас сум Генерација Еднаквост – остварување на женските права за еднаква иднина!“.

Во своето обраќање, Пендаровски истакна дека родовата еднаквост е важна заложба во неговиот мандат со што сака да го даде својот придонес за унапредување на родовата еднаквост и родовите политики во земјата. Со позитивните промени и со стратешкиот фокус на родовите политики во периодот кој следи, смета претседателот Пендаровски, можеме како општество да направиме значаен исчекор во подобрување на родовата еднаквост во секоја сфера.

„Како земја, покрај одредениот напредок, имаме да направиме уште многу за да ги надминеме постојните состојби со нееднаквоста во речиси секој општествен сегмент. Позитивните законски решенија и политики донесени во изминатите две години, како што е ратификувањето на Истанбулската Конвенција (Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство) и законското решение во поглед на здравствените и репродуктивните права на жените, се значајни исчекори во заложбите за подобрување на родовата еднаквост во земјата. Сепак, ефективните промени и трансформативниот потенцијал на политиките и законите зависат од нивната доследна имплементација и алоцирање на соодветна буџетска поддршка. Искуствата на развиените земји ни покажуваат дека вистински напредок во унапредување на родовата еднаквост се постигнува со родово одговорни политики во секоја сфера, посветено и долгорочно инвестирање во родовата еднаквост и вложување во образованието“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека родовата еднаквост е важна заложба во неговиот мандат, со што сака да даде придонес за унапредување на родовата еднаквост и родовите политики во земјата.

„Во рамките на моите надлежности како Врховен командант, за првпат во нашата историја поставив и жена за аѓутант. Настојувам да има родов баланс и на пониските и на повисоките позиции во мојот кабинет, а ангажирав и советничка за родови прашања“, нагласи Пендаровски.

Спонзорирано: