24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за обид за убиство: Со 2,97 промили алкохол во крвта го тепал пријателот со дрвен стол

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против лице на 60-годишна возраст од Богданци.

Обвинетиот на 11 октомври минатата година, околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа во Богданци со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот со кој заедно дента консумиралe алкохол.

„Обвинетиот го удрил оштетениот со тупаница во задниот дел на главата, па откако го турнал на земја, подигнал дрвен стол и неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од ударите му нанесол тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот“, велат од Обвинителството.

Со поднесување на обвинението во Основниот суд Велес, доставен е и предлог за продолжување на определената мерка притвор на обвинетото лице./Makfax