Изјава за медиуми, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ – интегрален текст:
Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и Зоран Заев.
Единствено на извршителот Христијан Мицкоски му смета позитивната препорака, единствено нему му смета напредокот кон Европската Унија.
Колку повеќе напредуваме во интеграцијата, во реформите, толку повеќе извршителот Мицкоски запаѓа во очај.
Извршителот Мицкоски е за изолација, СДСМ е за интеграција.
Тој чекор назад, ние три напред.
Напредокот и успешните реформи што ги остваривме со многу работа и во тешки услови, се успеси на граѓаните, на државата, на Владата, на парламентот и на институциите.
Само извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски е против овие успеси.
Граѓаните тоа многу добро го знаат.
Граѓаните не сакаат враќање назад, не закаат неизвесност, не сакаат изолација. Граѓаните сакаат напредок, сигурна и стабилна иднина, повеќе пари, поголеми плати, интеграција.
Затоа Мицкоски го чека нов пораз на 12 април.
Ние продолжуваме со работа, уште повеќе, и уште подобро, и носиме голема победа за сите граѓани на 12 април.